Левица: Измените за 60-часовна работна недела остануваат заглавени поради амандманите на Левица
Ја известуваме јавноста дека денес повторно беше одложена седницата на Комисијата за труд и социјална политика, поради поднесените 1.111 амандмани од страна на пратениците на Левица, Димитар Апасиев и Борислав Крмов.
Пратениците на СДС и ДУИ предлагаат прекувремената работа на работниците, во случаите кои се од национален и стратегиски интерес (како што е проектот „Бехтел и Енка“) да може да трае подолго од пропишаните осум часа во текот на една недела, повеќе од осум часа во просек неделно во период од три месеци и повеќе од 190 часа годишно.
Освен што социјал-демократската влада драстично ги редуцира работничките права и го враќа работникот во 20-ти век, скандалозно е што во новиот предлог не е наведено колку е новата граница за прекувремена работа, што значи дека нема ограничување колку часа дополнително може да работи еден работник.
Потсетуваме дека ваквата одредба минатата година беше укината од страна на Уставниот суд, бидејќи истата го крши уставно загарантираното право на траење на работна недела. Бидејќи одлуката на Уставниот суд е конечна и истата не може да се заобиколува со законски измени, пратениците кои би гласале за овие измени треба да се свесни дека за таквиот потег се сноси кривична одговорност.
Бидејќи пратениците на ВМРО-ДПМНЕ најавија дека нема да има активна блокада против низата штетни закони, единствено пратениците на Левица со сите свои сили ќе се спротистават на овие скандалозни закони, кои го рушат правниот поредок и го загрозуваат јавниот интерес.

Ново на Сител
-

Роналдо инвестираше 10 милиони евра во создавање нов бренд за минерална вода
-

Лекорну за протестите: Франција нема да дозволи да биде заплашена преку насилство
-

Протестите во Париз, Лион и Стразбур ескалираа во судири со полицијата, уапсени 166 лица
-

Ѓорѓиевски: За моите сограѓани секогаш има време - и оваа сабота со отворени врати и искрен разговор
-

Утре сончево со умерена облачност
-

871 прекршок за електрични тротинети во септември, најчесто возење без кацига
-

ДИК: Во Брвеница гласањето се одвива без проблеми, гласале 85 болни и немоќни лица
-

На Клиниката за психијатрија расте бројот на пациенти кои бараат помош поради семејно и партнерско насилство
