Лекар во Италија ја убил пријателката бидејќи го заразила со коронавирус
Лекар од болницата во италинскиот град Месина ја убил пријателката бидејќи сметал дека го заразила со коронавирус.
Антонио де Паче (28) и Лорена Куранта (27) работеле во иста болница и живееле заедно.
Полицијата го пронашла телото на жената во нивниот дом, а на подот го нашла Антонио, кој се обидел да се самоубие. Лекарите успеале да го спасат.
Тој признал дека ја убил бидејќи го заразила со коронавирус.
Како што пренесуваат странските медиуми, на двајцата е направен тест за коронавирус, но резултатите не покажувале дека биле заразени.
Неколку дена пред смртта, лекарката на Фејсбук поставила пост во врска со борбата против вирусот.
„Сега треба да покажеме поголема одговорност од кога било и љубов кон животот. Треба да покажете почит кон себе, кон своите семејства и кон целата земја. И треба да размислувате за оние што им го посветуваат животот на болните секој ден“, пишува таа, повикувајќи ги луѓето да останат дома.
Ново на Сител
-
Бојмацалиев: Над 603.000 патници на Меѓународниот аеродром Скопје, во првото тримесечје од 2024
-
Во ЗОО Скопје се роди двогрба камила
-
Тешко повреден малолетник во сообраќајка на патот Охрид-Ресен
-
Над 157.000 Грци се пријавиле за поштенско гласање на евроизборите
-
СПМ повикува на масовна излезност на 8 мај, за иднина и стабилност на државата
-
Уапсени и осудени двајца државјани на Македонија за внесување фалсификувани бланко документи во Грција
-
Александар Николовски од УКИМ избран за претседавач на Националното студентско тело
-
Русија: Убиени пет напаѓачи и двајца полицајци во Република Карачај-Черкезија