Лекар, медицинска сестра и возач лажеле во текот на истрагата за смртта на Марадона
Медицинска сестра, лекар и возач се под истрага зата што се сомничат дека давале лажни искази по повод смртта на легендарниот фудбалер Диего Армандо Марадона.
Марадона почина на 61-годишна возраст од акутен белодробен едем, веднаш по операцијата за хематом на мозокот, а досега е утврдено дека постоеле низа пропусти во неговото лечење.
Прво, неговиот личен доктор бил на испитување кај обвинителот, а сега и неговиот возач исто така. Во прашање е Максимилијан Тримаки (44), кој сведочел дека не бил дома во моментите кога Марадона починал, а безбедносните камери и податоците од телефонот покажуваат нешто друго.
Утврдено е дека Тримаки лажел. Засега не се познати причините за неговите лаги, но интересно е тоа што неговата работа не подразбирала да му биде возач на Марадона.
Поради лагите, полицијата го пребарала неговиот стан. Одземени му биле телефонот и компјутерот, особено откако било забележано дека неколку пати влегувал во куќата во која починал Марадона, а лажел дека не бил таму.
Претходно било утврдено дека лажела и медицинската сестра која го оставила Марадона неколку часа без никаков надзор.
Ново на Сител
-
Работниците ширум Европа и Азија бараат поголеми работнички права на првомајските демонстрации
-
Почнува уписот на првачиња за учебната 2024/2025 година
-
Максим дебитираше во ВАКО-ПРО со победа
-
Извонредна организација на АФН-9 ВАКО-ПРО кик бокс настанот во Скопје
-
ДС: Само силен синдикат е гарант за работничките права
-
Притвор од 30 дена за жител на Сопиште, пронајдена дрога во неговиот дом
-
Ковачевски: Нека ни е честит 1 Мај, СДСМ секогаш била на страната на работниците
-
Мицкоски: Работничките права се прекршени, државата не води грижа за тие кои се р`бетот на економијата