Лек за неплодност-водата што извира во Сливнички манастир
Сливничкиот манастир е манастирски комплекс кој се наоѓа на 3 километри од истоименото село Сливница во падините на Баба Планина, Македонија. Манастирката црква (Црква „Рождество на Пресвета Богородица“ – Сливница) е посветена на Богородица.
Манастирот се наоѓа на 3 километри од селото Сливница, на источниот брег од Преспанското Езеро. Пред 100 години околу манастирот се простирала огромна борова шума која изгорела во пожар. Манастирот е подигнат во 1607 година, и според описот е граден во три фази, и тоа од 1607, од1612 и главно во 1645 година. Од тој период потекнува и живописот во храмот, како и дрвениот иконостас со престолните икони, царските двери и големиот крст. Стар е 400 години. Во склоп на манастирот има конаци кои ги користат жителите на Преспа. Конаците се изградени при крајот на XVII век и на два пати биле опожарени. Неговата обнова е започната во 1994 година и до 1998 год. обновени се 20 конаци со 90 легла. Во манастирот има и лековита вода. Манастирската црква е посветена на Света Богородица.
Во дворот на манастирот постои чешма за која се верува дека е света и лековита вода. Чичко Бошко вели дека водата која извира од под манастирската црква лечи од болести и помага за пород.
-Оваа вода досега им помогнала на брачни двојки што биле во брак и по 19 години без деца. Помош бараат дури и Албанци што разбрале за нејзината чудотворност. Така пред шест години дојдоа браќата Авни, кој бил во брак 19 години и Бари. 10 години во брак, двајцата од Прилеп. По толку години во брак, денес тие имаат синови – раскажува чичко Бошко за порталот нмд.мк
Ново на Сител
-

Македонија ќе биде меѓу најпогодените од војната на Блискиот Исток, вели ЕБОР
-

Тема на денот со Раби Седрак, директор на институтот за меѓународни стратегиски и безбедносни студии
-

6 години членство во НАТО - Македонија кредибилен партнер во Алијансата
-

Трамп го продолжи ултиматумот кон Иран за Ормускиот Теснец
-

Филипче бара мерки од Владата, Мицкоски најави намалување на акцизата ако расте цената на нафтата
-

Војната на Блискиот Исток веќе ги зголемува производните трошоци
-

Новиот државен обвинител одби да ги коментира изјавите на премиерот Мицкоски
-

Нов обвинител ќе ги преземе предметите против полицајците за „Пулс“
