Лавров: Уште еднаш им велам на колeгите од САД - не си играјте со оган
Рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров ги повика САД „да не си играат со оган“ во Сирија и да прават одмерени чекори во врска со сирискиот народ и регионот во целина.
Лавров ова го изјави на отворањето на конференцијата на Меѓународниот дебатен клуб „Валдаи“ насловена „Русија на Блискиот исток: Игра на сите полиња“.
- Уште еднаш ги повикувам нашите американски колеги да не си играат со оган и да прават одмерени чекори, не врз основа на непосредни потреби на политичкото опкружување, туку пред се врз основа на долгорочни интереси на сирискиот народ и сите народи во регионот, вклучувајќи ги и Курдите, се разбира, рече Лавров.
Тој нагласи дека Русија со стравување ги гледа обидите на САД да ги остварат „плановите за поделба на Сирија“, додавајќи дека тие стравувања се поради акциите на Вашингтон на поширока сириска територија источно од реката Еуфрат до границите со Ирак и Турција.
Лавров ги нарече обиди за шпекулација медиумските написи за смртта на стотици руски платеници во војната во Сирија.
Ново на Сител
-
Се запали казино во Охрид | ВИДЕО
-
Мицкоски: Скандалозно е вицепремиер да бара од компании да гласаат за СДСМ бидејќи добиле државна помош
-
Кошаркарот од Ѓорче кој ветува промени | Владо Мисајловски | Неформално | Sitel Podcast 033
-
Се дистрибуира доверливиот избирачки материјал од битолската печатница до општинските изборни комисии
-
Ограбена спортска обложувалница на Бит Пазар
-
Повеќе од 30 украински медиумски работници се наоѓаат во руско заробеништво
-
Приведени две лица во Куманово - еден за употреба, друг за продавање дрога
-
Сопружници завршиле во притвор поради меѓусебна пресметка