-->
-->
Лаура фотографирала 100 пениси минатата година - Објавила книга која ја открива другата страна на машкиот свет
-->
Лаура Додсворт нема вообичаена работа. Претходната година, фотографирала пениси како проект. Резултат на тоа е книгата „Manhood: The Bare Reality“. Книгата претставува 100 пениси и го открива машкиот свет на малку поинаков начин.
Таа преставува ризница на машките искуства, приказна која авторката на фотографиите ја препознала за време на работата - од 20-годишник кој го напуштил порно светот, по што станал зависник и не можел да има сексуален однос, па се до 58-годишен човек кој целиот живот го минал во нервоза поради големината на својот пенис.
Во книгата се документирани помлади, постари, помали и подолги пениси, а најстариот имал 92 години. Ако за една фотографија и биле потребни само 10 секунди, тоа не било крај на работата. Секоја фотографија подразбирала и интервју со човекот кој бил дел од нејзиниот проект, а тоа траело многу подолго.
- Откако некој го открива телото, многу е полесно да ја открие и душата, - вели Лаура.
А она што го дознала Лаура може да им помогне на многу жени. Неверојатниот срам и анксиозност која ја имаат мажите поради големината на пенисот влијае на целиот нивни живот.
Во книгата исто така има исповед на еден трансродов човек кој инвестирал во „најголем и најдобар пенис“, бизнисмен кој малиот пенис го научил на понизност, како и зависник од секс чија жена му се заканила дека ќе го кастрира.
- Никогаш не знаеме нечија приказна се додека не прашаме за неа... Мислам дека на мажите не им се дадено доволно можности да бидат искрени за нивниот живот и чувства. Никогаш не сум слушнала мажи да ми зборуваат така. Некои од нив ми рекоа дека со никој досега не зборувале за тоа, ниту со своите партнери. Навистина е голема чест овие приказни да му се понудт на светот, завршила Лаура Додсворт.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
МВР: Кривична пријава против поранешен градоначалник на скопска општина
-
Што и како помага психотерапијата | Елена Џебр | Личен развој | Sitel Podcast 031
-
Повреден малолетник, истепан со дрвени и метални предмети од други малолетници
-
Кривична против тројца скопјани за „убиство во обид“ и „соизвршителство“
-
54-годишна скопјанка пронајдена почината
-
ДИК не го прифати приговорот за гласањето во Липково
-
Рендевски и Алексовски автори на поглавје во книгата „Двете страни глутаматот“
-
Пронајдена граната во близина на камп во Гевгелија