Ласовска: Пратеничкиот имунитет не смее да биде заштита за тепач на жени и семеен насилник
Почитувани,
Згрозени сме и загрижени од веста објавена во медиумите дека пратеник од СДСМ во текот на вчерашниот ден си ја претепал сопругата. Во ек на 16 дена активизам против родовото насилство, функционери високи од власта тепаат жени.
Власта која лажно промовира родова еднаквост на дело покажува неказнивост за семејно насилство и сексуално малтретирање на работно место.
Пратеничкиот имунитет не смее да биде заштита за тепач на жени и семеен насилник. Ја повикуваме полицијата во најбрз можен рок да го расчисти овој случај и да поднесе соодветна кривична пријава.
Тепањето на жени од страна на функционери на власта ја покажува неказнивоста која мислат дека ја имаат. Ист е и така примерот со сексуалното насилство во станицата во Гази Баба, за која уште нема информации до каде е постапката.
Насилниците врз жени не смеат да останат неказнети. Доколку институциите не постапуваат и се обидуваат да ги спасат функционерите на СДСМ, тие ќе се соочат со кривична одговорност по промената на власта на 12-ти април.
Дополнително ги повикуваме и колешките пратенички на СДСМ да го осудат ова насилство и да побараат одговорност од пратеникот.
Благица Ласовска, Претседател на УЖ на ВМРО-ДПМНЕ
Ново на Сител
-
Тема на денот со Александар Даштевски, претседател на ДИК
-
Мостот „Беласица“ целосно функционален
-
Зошто Токсикологија не почитува мерки на надлежни институции
-
Ќе се врати ли старата цена на осигурување за регистрација на возилата?
-
Обвинителството со огромен број докази за распределбата на спортски ваучери
-
ДУИ притиска: Без нас нема Влада - Од ВМРО-ДПМНЕ децидни Ахмети останува во опозиција
-
Парламентарни избори 2024
-
Вапцање велигденски јајца в зори на Велики Четврток