-->
-->
Лапорта: Имам морална обврска кон Меси
-->
Претседателот на Барселона, Жоан Лапорта изјави дека не сака повеќе да зборува за напаѓачот Лионел Меси бидејќи тој е играч на Пари Сен-Жермен. Шпанските медиуми пишуваа дека во 2023 година Аргентинецот може да се врати во каталонскиот клуб.
– Нема повеќе да зборувам за Меси, бидејќи тој е играч на ПСЖ. Имам морална обврска кон него, но зборувањето може да оди против нашите аспирации. Односот со неговото семејство? Добар, го цитира Лапорта „Мундо Депортиво“. Во летото 2021 година, фудбалерот ја напушти Барселона и како слободен играч се пресели во ПСЖ.
Тој потпиша двегодишен договор со тимот од Париз.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Учениците од утре на пролетен распуст, наставата ќе продолжи на 7 мај
-
Изборната кампања за двојните избори влегува во втората половина
-
Денеска е Цветници
-
Демократскиот сојуз ќе го одржи седмиот Конгрес
-
Во центарот на Куманово ќе биде откриен мурал со ликот на Бобан Трајковски кој беше убиен пред 23 години кај Вејце
-
Најмалку пет лица загинаа во торнадо во јужна Кина
-
Зеленски: На Украина и требаат најмалку седум ПВО системи „Патриот“
-
Сончево и релативно топло