-->
-->
ЛАДЕН ГЕСТ: Трамп одбил да ѝ пружи рака на Меркел
-->

Американскиот претседател Доналд Трамп и германската канцеларка Ангела Меркел, денес имале разговор во четири очи во овалниот кабинет на Трамп. По состанокот, шефот на Белата куќа одбил да и пружи рака на Меркел пред новинарите, пишува германски Билд.
Тој претходно срдечно ја дочекал и се ракувале. Следувал 15-минутен разговор кој двајцата го оцениле како „добар“, по што биле повикани новинарите и снимателите. Како што наведува германскиот весник, Трамп делувал напнато и сериозно.
– Пратете убава слика во Германија, им порачал тој на фото-репортерите, а кога тие им побарале да се ракуваат, Трамп одбил.
– Ќе си пружиме ли рака, го запрашала Меркел на англиски, но Трамп не сакал.
Погледот му бил фиксиран пред себе, и се правел дека не ја слуша канцеларката. Таа биле помалку шокирана, а потоа само се насмеала, ја опишал новинарот на Билд случката во овалниот кабинет.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Активни шест пожари, вкупно 14 на отворен простор
-
Пронајдена е исчезнатата Билјана од Прилеп
-
Пронајден починат 55-годишен скопјанец во водите на Охридското Езеро
-
Редици пред првата „Лабубу“ продавница во Германија
-
Скопско со нова кампања: Вкусот што нѐ опушта и прави да сме свои
-
На „Табановце“ за влез и излез од државата се чека 20 минути
-
Во Газа досега загинаа 232 новинари
-
Отстранети пешкири, лежалки и чадори поставени без дозвола на плажите во Полихроно и Калитеа