Квалификациски натпревар за учество на „Кинески мост 2018“

Институтот „Конфуциј“ при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ денеска третпат во Македонија ќе организира квалификациски натпревар за учество на Меѓународниот натпревар по кинески јазик „Кинески мост“ за 2018 година.
На квалификацискиот натпревар ќе учествуваат курсисти и студенти од Македонија кои го изучуваат кинескиот јазик и кои сакаат да го покажат своето знаење, да учат едни од други и да го продлабочат своето познавање на кинескиот јазик и култура. Тие ќе се натпреваруваат во три категории: кинески јазик, општо знаење за Кина и кинеската култура, а ќе ја покажат и својата умешност во кинеска калиграфија, сликање, танц, музика, борачки вештини...
Натпреварувачите кои ќе се пласираат на првите две места ќе имаат можност да заминат во НР Кина во јули на финалниот натпревар по кинески јазк „Кинески мост 2018“
Натпреварот ќе почне во 10 часот во холот на НУБ „Св. Климент Охридски“ и ќе заврши во 12.50 часот, а потоа ќе бидат доделени потврдите за освоени места и учество.
Централната управа на институтите „Конфуциј“ го организира Меѓународниот натпревар по кинески јазик „Кинески мост“ од 2002 година и досега учествувале околу 700 студенти и курсисти од над 60 земји во светот, а во квалификациските натпревари во голем број земји во изминатите 17 години учествувале околу половина милион студенти и курсисти.
Ново на Сител
-

Ѓоковиќ: Целта ми е настап на ЛОИ 2028
-

ГП Евзони (Богородица) затворен за сообраќај на сите видови возила
-

Лавров тврди дека Украинците ја нападнале резиденцијата на Путин, Зеленски негира
-

Во БиХ усвоена одлука за легализација на канабисот за медицински цели
-

Македонска Каменица прогласи тридневна жалост поради смртта на сограѓанка
-

Таткото на прегазената Теодора: Барам иста правда за сите, зарем животот на мојата ќерка вредеше само 2 години?
-

Повисоки плати, нов концепт за матура, ѕид на срамот - Јаневска на брифинг со новинарите за плановите за 2026 година
-

Меморандум за претставување на Скопје како европски културен центар во 2028 година
