-->
-->
Квалификации за СП 2018: Победи на Аргентина и Колумбија
-->
Репрезентациите на Аргентина и Колумбија остварија победа над Чиле и Боливија во рамките од 13. коло на јужноамериканските квалификации за Светското фудбалско првенство во Русија во 2018 година.
Со гол на Лионел Меси од пенал во 16. минута Аргентина минимално со 1:0 го победи Чиле, а со истиот резултат (1:0), победа пред својата публика оствари и Колумбија против Боливита со голот на Хамес Родригез на седум минути пред крајот на средбата.
Предноста на домашниот терен ја искористи и Парагвај, кој со 2:1 беше подобар од Еквадор. Средбата Венецуела – Перу заврши без победник 2:2, додека единствената победа на гостите им ја донесе Бразил кој во дербито го совлада Уругвај со 4:1.
Табела: Бразил 30 бодови, Уругвај 23, Аргентина 22, Колумбија 21, Еквадор 20, Чиле 20, Парагвај 18, Перу 15, Боливија 7 и Венецуела 6.
Натпреварените од следното 14.коло ќе се играат во вторник и среда, а ќе се сретнат: Боливија – Аргентина, Еквадор – Колумбија, Чиле – Венецуела, Бразил – Парагвај и Перу – Уругвај.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Рендевски и Алексовски автори на поглавје во книгата „Двете страни глутаматот“
-
Пронајдена граната во близина на камп во Гевгелија
-
Приведен тинејџер, полицијата кај него пронашла дрога
-
Поевтинуваат дизелот и Еуросупер БС 98
-
Судскиот совет го одложи утврдувањето на кандидатски листи за избор на двајца членови на Советот
-
Од среда променливо облачно и посвежо со повремен дожд
-
Вработените во Фондот за здравство утре ќе протестираат
-
Србинка барана по Интерпол уапсена на аеродромот во Скопје