-->
-->
Квалификации за СП 2018: Хрватска минимално го совлада Косово
-->
Фудбалерите на Хрватска остварија минимална победа против Косово во квалификацискиот натпревар за Светското првенство 2018 година во Русија.
Во продолжението на мечот кој вчера беше прекинат поради дожд, Хрватите денеска успеаја да постигнат гол и минимално со 1-0 да го победат Косово.
Стрелец на победничкиот погодок за „коцкестите“ беше Домагој Вида во 74.минута.
Со новите трои бодови и вкупно 16 Хрватите се вратија на првото место на табелата во И групата, пред Украина која има 14, еден повеќе од Исланд (13), Турција со 11, а на последните две места се Финска со 4 и Косово со само 1 бод.
Веќе во вторник ќе се играат натпреварите од 8.коло во оваа група.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Анкета на ИРИ: 68% од Македонците поддржуваат членство во ЕУ
-
„Епл“ ги претстави новите „Ајпад про“ таблети
-
„Опен-АИ“ со новости околу „Чет-ГПТ“
-
Словенец ќе биде главен судија во финалето на Лигата на шампионите
-
Гвардиола: Да беше до парите, Јунајтед требаше да ги освои сите титули
-
Разрешен е директорот на Токсикологија, Данил Петровски
-
СИРИЗА ќе ги поднесе во грчкиот Парламент трите меморандуми со Северна Македонија
-
Пендаровски се откажа од државна пензија