Курти со западните дипломати: Нема српски избори во Косово без барање од Белград до Република Косово
Косовскиот премиер Албин Курти синоќа се сретнал со дипломатските претставници на земјите од таканаречената КВИНТА – петте најголеми западни сојузници на Косово акредитирани во Приштина – и на Европската Унија, со кои разговарал за барањето на официјален Белград до ОБСЕ да се одржи гласање на косовска територија за српските парламентарни избори, јави дописникот на МИА од Приштина.
Како што соопшти службата за информирање на Владата на Косово, Курти на средбата рекол дека за ова прашање веќе ја информирал ОБСЕ дека е неопходен меѓудржавен договор за организирање на гласањето надвор од Канцеларијата за врски на Србија во Приштина и дека барањето за таков договор мора да дојде од официјален Белград како заинтересирана страна.
– Премиерот Курти изрази жалење за недоволната подготвеност на Србија за договор што ќе им овозможи на граѓаните на Република Косово кои имаат и српско државјанство да учествуваат на изборите според најдобрите европски меѓудржавни практики за гласање од странство, се вели во соопштението на Владата во Приштина.
Парламентарните избори во Србија се закажани за 17 декември оваа година.
Во минатото, по прогласувањето на косовската независност во 2008 година, со асистенција на меѓународната заедница, им се овозможуваше на косовските Срби да гласаат на избирачките процеси во Србија, меѓутоа таа пракса се прекина по доаѓањето на власт на Курти во февруари 2021 година.
Косовските Срби, од тогаш, немаа можност на косовска територија да гласаат за српскиот референдум во јануари 2022 година и за вонредните избори во април истата година, затоа што Курти постави услов Србија да достави официјално барање за такво нешто до Република Косово.
Белград ги одби таквите барања и за гласање на косовските Срби организира превоз до гласачки места во Србија во близина на границата со Косово.
Ново на Сител
-
Макрон: Путин не попушта, санкциите остануваат клучни
-
Амбасадата во Белград ја потврди информацијата за загинат македонски државјанин во сообраќајка
-
СДСМ реагира на најавата од владата
-
Истражна постапка против возачот на мотор кој го прегази Југослав Николовски
-
На граничните премини Богородица и Табановце се чека од 20 до 30 минути
-
Зеленски и Трамп се договорија за зајакнување на воздушната одбрана на Украина
-
Акцијата во која беа откриени шест килограми амфетамин е резултат на напорите на МВР во сузбивањето на трговијата со дрога, оцени Тошковски
-
МВР апелира граѓаните да не отвораат линкови од СМС пораки