Куршуми пак летаат низ Гостивар

Вчера околу 12,15 часот во Гостивар на ул.„Никола Тесла“ М.Т.(71) додека седел со семејството во дворот слушнале звук од удар на лимот од кровот на летната кујна.
Соред полицијата тоа најверојатно бил звук од заталкан проектил од огнено оружје.
Нема повредени лица се работи на целосно расчистување.
Ова е трет „свадбарски“ инцидент во Гостивар.
Пред десетина дена десетгодишно дете од гостиварска населба Фазанерија починало на скопските клиники од повреди задобиени најверојатно од заталкан куршум.
Според првичните сознанија настанот се случил на 27 јули околу 15 часот, кога во близина на локалната џамија дететото со уште две други биле излезени. Во еден момент детето се пожалило на болки во задниот дел на главата од каде што и крварело, по што паднало во безсознание. Набрзо родителите го пренеле во гостиварската болница, а потоа во ургентниот центар „Мајка Тереза“ во Скопје. Доцна ноќта детето починало.
Заталкан проектил од огнено оружје на 2-ти август вознемирил брачен пар, кои одморале во дворот на семејната куќа на улицата „Балиндолска“ во Гостивар. Зрно од куршум прво удрило во покривот, а потоа паднало во непосредна близина на столчето до кое седала домаќинката.
Според СВР Тетово, настанот се случил ноќта околу 23 часот кога Ј.С. (53) со неговата сопруга седеле во дворот. Тој слушнал продорен звук, а набрзо потоа и удар во ќерамидите од покривот. Пред нозете на сопругата забележал метално парче за кое се посомневал дека е зрно од куршум и пријавил во полиција. По извршениот увид, утврдено е дека станува збор за заталкан куршум, кој наверојатно е испукан на некоја од семејните веселби кои деновиве зачестено се организраат во Гостивар и околината.
Ново на Сител
-

Ѓорѓиевски по повод 13 Ноември: Да изградиме Скопје што гордо ќе им го предадеме на идните генерации
-

ЕУ го договорија тимот за преговорите помеѓу Русија и Украина
-

Во Исар Марвинци откриен монументален комплекс на римска бања со зачуван систем за загревање
-

15-годишник допирал по телото и со закани принудувал 11-годишно девојче да му праќа експлицитни фотографии
-

Трамп: Антисемитизмот во САД во моментов е како во Германија во 1938 година
-

Мицкоски: Правиме се да останеме земја со убедливо најниски цени горивата, струјата и греењето во Европа
-

Приведен 42-годишник на Граничен премин Табановце - Возилото кое го управувал било предмет на потрага на Интерпол
-

Кривична за 19-годишник од Кочани, направил експлицитни снимки од 18-годишна девојка без нејзина дозвола
