Кумановската полиција фати возач со 1.61 промили алкохол во крвта | ФОТО
Полициски службеници од Куманово, минатата недела спроведоа акциска контрола за санкционирање на возачи кои не ги почитуваат сообраќајните прописи, при што на подрачјето на Куманово санкционирани се вкупно 376 возачи.
Од нив , како што известија денеска МВР, двесте седумдесет и седум управувале возило со брзина поголема од пропишаната, четириесет и девет санкции се изречени за возачи кои управувале возило под дејство на алкохол, дваесет и девет за управување возило без возачка дозвола, единаесет за нерегистрирано возило и десет мотоциклисти за неносење заштитен шлем. Воедно, санкциониран е и, еден возач поради неприлагодена брзина на движење од 104 км/ч во населено место, а исто така, и еден возач на товарно моторно возило поради возење под дејство на алкохол, односно по алкотестирање му биле измерени 1.61 промили.
Сообраќајните контроли продолжуваат и во наредните денови и апелираме до граѓаните да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи за да ја зголемиме безбедноста во сообраќајот.
Ново на Сител
-
Управен суд ја запре постапката за жалбата на коалицијата Вреди
-
Тема на денот со Јанаки Митровски, адвокат
-
Се крои владината коалиција со Вреди - ВМРО-ДПМНЕ веќе сама обезбеди 61 пратеник
-
Мицкоски во јавните настапи ќе користи „Македонија“ и „македонски“
-
Управен суд ја запре постапката за жалбата на коалицијата Вреди
-
Поради недоаѓање на сведоците одложено рочиштето за Пендиков
-
Корупцијата и неефикасната администрација - најголем проблем за германските инвеститори
-
Палчо ја помина првата вечер во притвор во „Шутка'', од неговата партија бараат биохемиска анализа на оброците