-->
-->
Куманово домаќин на Турк Телеком во дуел од ФИБА Еврокупот
-->

Македонскиот вицешампион Куманово вечерва пред својата публика ќе го одигра четвртиот меч во кошаркарскиот Еврокуп на ФИБА.
Кумановци во рамките од 4.коло на „Ј’’ групата ја пречекуваат екипата на Турк Телеком, тим кој досега има максимални три победи. Во првиот дуел на овие два тима турскиот претставник забележа убедлива победа со 93-71. Куманово ќе има тешка задача да ја оствари втората победа во ова натпреварување, но се надеваат дека со поддршка на својата публика сепак ќе успеат да го изненадат фаворизираниот противник.
Средбата, Куманово – Турк Телеком ќе започне од 20 часот и 30 минути.
Вчера, во првиот меч од оваа рунда во „Ј’’ конкуренцијата, полскиот претставник Роса Радом ја победи екипата на КТП Баскет од Финска убедливо со 95–48.
Табела:
Роса Радом 7 бодови (3 победи – 1 пораз),
Турк Телеком 6 (3/0),
Куманово 4 (1/2) и
КТП Баскет 4 (0/4).
-->
-->
-->
Ново на Сител
-

Штетите од војната на Блискиот Исток ќе се чувствуваат со години
-

Стратешки дијалог со САД
-

Тема на денот со Синиша Наумоски, универзитетски професор
-

Роботска хирургија во клиничката болница „Аџибадем Систина“
-

Стратешки дијалог со САД
-

Мартовската инфлација е 4,9%, Мицкоски најавува таргетирани мерки
-

ССМ на протест за поголеми плати
-

Уапсени 8 дилери на кокаин
