Кумановец во притвор заради криумчарење мигранти - 13 Авганистанци пронајдени во неговото возило
Одделот за прекуграничен криминал и миграција Скопје, до ОЈО за гонење оганизиран криминал и корупција Скопје поднесе кривична пријава против Ф.З. (25) од Куманово, а поради постоење основано сомнение дека сторил кривично дело „криумчарење мигранти“, казниво по член 418-б став 1 од КЗ на Р. Македонија.
Судија на претходна постапка на пријавениот веќе му одреди мерка притвор во траење од 30 дена.
Според документираните сознанија од истрагата, завчера (22.07.) сопрено е патничко моторно возило „Рено“; со велешки регистарски таблички управувано од страна на пријавениот Ф.З. и при контрола на возилото пронајдени се 13 лица - мигранти, меѓу кои и три малолетни лица, инаку сите од Авганистан.
Лицата се на возраст од 16 до 23 години. Укажана им е лекарска помош и со нив е извршен службен разговор.
Ново на Сител
-
Парламентарна кампања
-
Тема на денот со Мирче Адамчевски, новинар, аналитичар
-
Преглед на вестите од светот
-
ВМРО-ДПМНЕ и Вреди се поблиску до владина коалиција
-
Продолжува претседателската кампања
-
Продолжува парламентарната кампања
-
Детектор: Близу 60% од граѓаните ќе гласаат на изборите - кампањата не влијаела на нивната одлука
-
23 години од масакрот кај Вејце