Македонија
21. November 2018 - 15:24

Кумановец при продажба на стан измамил сограѓанин за над 18 илјади евра

Кумановската полиција до обвинителството, поднесе кривична пријава против 44 годишниот кумановец И.А. поради сомение дека извршил кривични дела „измама“ и „оштетување туѓи права“, соопшти денеска, СВР Куманово.

Кумановецот четири дена претходно, со намера да се стекне со противправна имотна корист, се вели во соопштението на полицијата, во својство на продавач склучил преддоговор за купопродажба на недвижен имот, стан заверен кај нотар од Куманово  со купувачот И.П.
И.А  го уверил оштетениот дека имотот е негова сопственост, дека  не е оптоварен, дека со друго лице не склучил некаков правен акт, ниту дека друго лице полага право на имотот и го навел оштетениот да му плати вкупен износ од 18.862 евра како дел од купопродажната цена. 
 
Со оглед на тоа, дека во наредениот период не била постигната согласност за конечен договор за купопродажба, пријавениот веќе склучил преддоговор за купопродажба на недвижен имот со друго лице од Куманово заверен кај друг нотар од 15.септември, годинава.
Купувачот, И.П со известување доставено до пријавениот побарал да биде раскинат преддоговорот и да му бидат вратени парите што ги дал како дел од купопродажна цена, но и покрај тоа И.А. избегнувал секакво раскинување на преддоговорот, ветувајќи дека  ќе му ги врати парите на неколку рати, за што се сложил и оштетениот.
 
Но и покрај повеќе обиди, не успеал да оствари средба со пријавениот, а бидејќи во последно време не му се јавувал на телефон, оштетениот убеден дека е измамен, до СВР Куманово поднел кривична пријава за сторена штета од 18.862 евра во денарска противвредност од 1.184.943 денари.