Куќен притвор за скопјанец заради дрога пронајдена при претрес во стан во Скопје
Основното јавно обвинителство Скопје поднесе обвинителен акт до Основниот кривичен суд Скопје, против 28 годишен скопјанец кој го сторил кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори“ од член 215 став 1 од Кривичниот законик.
Како што денеска соопштија од Јавно обвинителство, при извршен претрес на 24 декември, во изнајмен стан на улица „Црвена Вода“, кај обвинетиот биле пронајдени 54,76 грама марихуана, 0,8 грама кокаин, хашиш смола со вкупен волумен од 14 милилитри во три шприца, како и психотропни супстанции – 10,8 грама амфетамин и 4,65 грама од 3,4-метилен диоксиметамфетамин (МДМА).
Покрај дрогата која обвинетиот неовластено ја држел заради продажба, стои во соопштението, во станот била пронајдена и дигитална вага со остатоци од наркотична дрога.
Во насока на обезбедување на присуство на обвинетиот за натамошниот тек на постапката, се наведува во соопштението, јавниот обвинител кој постапува во предметот до надлежниот суд достави и посебен предлог за продолжување на претходно определената мерка куќен притвор за обвинетото лице.
Ново на Сител
-
Апасиев: Очекуваме двоцифрен број на пратеници
-
Таравари: Ни треба нов Устав на две заедници
-
Ахмети: Уште поголема победа
-
Ковачевски: Масовна излезност на 8 мај
-
Мицкоски: СДСМ спрема црни сценарија
-
Тема на денот со Неда Малеска Сачмароска
-
Тинекс отвора уште неколку нови маркети, денеска отворен маркетот во О. Илинден
-
Во понеделник се враќа старата цена за осигурување на возилата