Куче му распара стомак на четиригодишно дете во Белград
Само три дена по убиството и масакрирање на телото на трансродното лице Ноа Миливојев (18), во Белград се случи нова трагедија кога четиригодишно дете е нападнато од куче кое му го распара стомачниот ѕид, јави дописникот на МИА од Белград.
Нападот се случил во белградската населба Сремчица каде кучето му го скинало стомачниот ѕид на четиригодишното дете. Родителите го однеле детето во детската клиника во Тиршова каде било оперирано.
-Имаше многу брутален напад над четиригодишно дете, кучето со забите му го откорна абдоминалниот ѕид и од телото му беше извлечен дел од 12-палечното црево, изјави д-р Александар Стијачиќ од Итната помош.
Таткото веднаш го ставил детето во автомобил со мајката, повикале Итна помош и педијатарот детално и објаснувал на мајката што да прави – да извади се што има на себе, да го втурне во раната, за да го спречи крварењето.
-Детската клиника во Тиршова беше алармирана да подготви хируршка сала. Немаше причина санитетот да ги пресретне, тоа ќе беше губење на време, детето веднаш влезе во процедура за операциона сала и по повечасовна операција се наоѓа во стабилна состојба и не е животно загрозено, изјави Стијачиќ.
Д-р Стијачиќ апелираше да се биде внимателен, бидејќи напади се случуваат, но ретко толку брутално како овој.
Ново на Сител
-

Катица Јанева на условна слобода од затворот Идризово
-

Митева: Денешниот настап на СДС претставува сериозна штета за медиумскиот простор во Македонија кој мора да биде јасно осуден
-

ЗНМ реагира на прес конференцијата на СДСМ
-

Кривична за шест ученици кои тепале двајца во училиште во Сарај
-

Македонските кикбоксери со 111 натпреварувачи на „Балкан бест фајтерс“
-

Ердоган по средбата со Путин: Мирот во Украина не е далеку
-

Граничниот премин Евзони (ГП Богородица) затворен за сообраќај
-

Намалена видливост поради магла во Кичево и Ботун
