КСС против предлогот за субвенционирање на придонеси од задолжително социјално осигурување
Конфедерацијата на слободни синдикати (КСС) не се согласува со владиниот предлог-закон за субвенционирање на придонесите од задолжително социјално осигурување поради зголемување на платите.
За КСС е неприфатливо буџетските средства кои се наменети за функционирањето на државните институции и за финансирање на капитални проекти, да се користат за да се стимулира приватниот сектор.
– Особено за нас е неприфатливо и несфатливо, со ребалансот на Буџетот, огромна сума на средства од Министерството за образование и наука да се префрлат во други ресори, а само пред неколку денови просветните работници штрајкуваа за зголемување на платите, наведува КСС во денешното соопштение.
Синдикатот бара од Владата и од пратениците да не дозволат да се спроведе овој закон, којшто според нив, е неуставен и дискриминирачки. – Во спротивно, предупредуваме дека набрзо ќе излеземе со соодветен одговор, спроведувајќи радикален работнички отпор, затоа што трпението на вработените во јавниот сектор е при крај, велат од КСС.
Ново на Сител
-
Тема на денот со Мирче Адамчевски, новинар, аналитичар
-
Преглед на вестите од светот
-
ВМРО-ДПМНЕ и Вреди се поблиску до владина коалиција
-
Продолжува претседателската кампања
-
Продолжува парламентарната кампања
-
Детектор: Близу 60% од граѓаните ќе гласаат на изборите - кампањата не влијаела на нивната одлука
-
23 години од масакрот кај Вејце
-
Приватните специјализанти освен повисоки плати и здравствено осигурување бараат и системски решенија