Крводарителска акција во Кавадарци

На дисперзираните студии на Универзитетот “Гоце Делчев” од Штип, во Кавадарци денеска беа дарувани 23 крвни единици. Крв даруваа вработени и студенти, како и членови од кавадаречкиот Ротари клуб.
-Крводарителската акција беше реализирана од Општинската Организација на Црвениот крст од Кавадарци, заедно со Републичкиот институт за трансфузија од Скопје. Кавадарци отсекогаш е на врвот по број на доброволни крводарувања, на листата на хумани градови, рече Димитар Каракулев, претседател на кавадаречкиот Црвен крст.
За петок тој најави нова крводарителска акција, а крв ќе даруваат вработени во кавадаречката компанија “Алијанс уан”. Таму се очекуваат педесетина доброволни крводарувања.
До почетокот на овој месец, годинава се реализирани околу 1.200 крводарувања.
-Со тоа, веќе е остварен годишниот план за дарување на крв за општините Кавадарци и Росоман, кој изнесува 1.184 планирани крводарувања. Сите дополнително дарувани единици крв, ќе значат натфрлување на годишниот план. Очекуваме годината да ја завршиме со околу 1.500 дарувања на крв, нагласи Каракулев
Ново на Сител
-

Македонија дел од голема меѓународна акција: Жртви во 50 држави и штета од над 4 милиони евра од интернет-измами
-

По седум години судење, Боки 13 ослободен од сите обвиненија
-

Перпарим Бајрами излегува од притвор со гаранција од 1 милион евра
-

МФ: Владата го усвои Дополнетиот ребаланс на Буџетот за 2026 година, ќе се достави до Собранието на усвојување
-

Лукашенко: Ако сега не ја запреме војната во Украина ќе избувне трета светска војна
-

Сиљановска-Давкова во Брисел: Очекуваме еднаков третман со другите земји кандидатки за членство во ЕУ
-

Мицкоски - Вуст: Македонија и Северна Рајна-Вестфалија ќе ја продлабочуваат економската соработка
-

Полскиот нуркач Бартоломиеј Питала предложен за почесен граѓанин на Скопје по истражувањето на пештерата Врело
