Крвава тепачка во село: Се тепале со вили, ножеви, тупаници
ПС-ОН Крушево поднесе кривична пријава против Е.Х. (72) и Р.Т.(51) од с.Житоше, општина Долнени, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „загрозување со опасно орудие при тепачка или караница“.
На 10 јуни околу 12.30 часот во с.Житоше, Р.Т. го паркирал своето возило пред влезната врата од дворот на Е.Х., кој во тоа време бил пред вратата од својот двор и побарал од Р.T. да не го паркира пред влезот затоа што имал намера да излегува со своето возило.
Р.Т. му кажал дека нема да го тргне затоа што има повреден човек кој требало да го носи во болница во Прилеп.
Откако Р.Т. повеќе пати му кажал на Е.Х. дека нема да го тргне возилото, Е.Х. замавнал со вила кон него, ново тој момент Р.Т. ја фатил вилата, ја повлекол кон себе и при одземањето се здобил со површинска повреда на главата. Потоа Р.Т. возвратил и неколку пати со тупаница го удрил Е.Х. Во тој момент притрчале Х.Х. и А.К., застанале помеѓу пријавените и ги раздвоиле.
После тоа Е.Х. уште еднаш се обидел со вилата да го удри Р.Т., но Х.Х. успеал да му ја одземе.
Во тие моменти Е.Х. со нож се втурнал кон Р.Т. и му нанел две лесни телесни повреди во пределот на градите.
Кога Р.Т. забележал дека на себе има крв влегол во дворот на Е.Х. и со пресечените дрва, кои биле во дворот, почнал да фрла по него при што Е.Х. се здобил со лесни телесни повреди во грбот.
Ново на Сител
-
Санкционирано лицето кое со службено возило на „Партизанска“ помина на две полни линии и користеше флешери
-
Трамп: Добитничката на Нобеловата награда за мир ми се јави и рече дека ја прифаќа во моја чест
-
ОЈО Гостивар почна истрага за грабежот на златара во Гостивар
-
Сиљановска-Давкова по повод 11 Октомври: Мора да бидеме обединети ако сакаме да го сочуваме она што го наследивме
-
Oдбележување на Денот на народното востание
-
Трамп најави нови 100 отсто дополнителни царини за увозот од Кина
-
Се интензивира кампањата за Локалните избори
-
Мерц му вети на Зеленски засилен притисок врз Москва и проширена одбранбена соработка