-->
-->
Крвава тепачка во гостиварско, двајца завршија во болница
-->

На булеварот „Браќа Ѓиноски“ во Гостивар, вчера околу 13.30 часот настанала вербална расправија меѓу лицата Е.А. (70) од село Топлица од една страна и Х.Р. (49) и Х.Б. (24), двајцата од село Добридол, од друга страна.
Расправијата прераснала во меѓусебна тепачка, при што биле користени тврди предмети од двете страни.
При тепачката Е.А. се здобил со телесни повреди, расекотини во пределот на главата, а Х.Р. се здобил со скршеница на десен лакт.
На лицата им била укажана лекарска помош во Медицинскиот центар-Гостивар, по што се пуштени на домашно лекување.
Увид на местото на настанот извршила екипа од Полициската станица во Гостивар.
Се преземаат мерки за целосно расчистување и документирање на случајот.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-

Тема на денот со Орце Ѓорѓиевски
-

Гостиварци чекаат техничка вода, епидемијата стивнува
-

Гостиварци чекаат техничка вода, епидемијата стивнува
-

СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ со меѓусебни обвинувања за епидемијата во Гостивар
-

До среда ќе се знае што ја предизвика белата пена во Вардар
-

Уапсена Македонка која прегази куче во Улцињ, семејството тврди дека ги нападнало
-

Родители на протест, без училиште нема иднина за с. Долни Балван
-

12 плажи имаат спасители на вода
