-->
-->
Крвава тепачка на Женски пазар, двајца завршија на Хирургија
-->

Вчера во 15.00 часот во СВР Тетово, од Хируршкото одделение при Клиничка болница Тетово, било пријавено дека кај нив лекарска помош побарале лицата Т.Л. (35) од Тетово и Б.Е. (31) од с.Непроштено-Општина Теарце, со телесни повреди во пределот на главата и телото, нанесени од метален предмет.
Имено, истиот ден околу 14.45 часот во оградениот простор на Женски пазар во Тетово лоциран на крстосницата од ул.„М.Бафтијари“ и „К.Р.Дрнц“, настанала расправија, која прераснала во тепачка околу купопродажба на текстилна роба
помеѓу лицата Б.Е. и неговиот брат А.Е. (21) од с.Непроштено, од една страна и од друга страна Т.Л. и неговиот татко Б.Л. (57), во која лицата си размениле удари со тупаници, а воедно биле употребени и метални шипки.
Лицата Б.Е., А.Е., Т.Л., Б.Л. и И. А. (39) од Тетово, се повикани во СВР Тетово.
Се преземаат мерки за целосно расчистување на случајот.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-

Најмалку 21 пожар на отворен простор
-

Тема на денот со Тимчо Муцунски, министер за надворешни работи и надворешна политика
-

Град Скопје: Водата е безбедна
-

Скопјани масовно купуваат вода од маркетите - шпекулациите за ешерихија ги празнат рафтовите
-

ВМРО-ДПМНЕ: СДС го допре дното
-

„Политико“: ЕУ ги менува правилата за проширување поради страв од блокада на Унијата
-

25 години Охридски рамковен договор
-

„Пулс“ незаконски бил пренаменет во дискотека, објектот бил предвиден за лесна индустрија
