Крвав грабеж - Нападнат скопјанец заврши на Ургентен

На 03.05.2017 година во 13.45 часот во Скопје на бул. „Александар Македонски“ двајца непознати сторители извршиле разбојништво над Ш.И. (38) од с.Копаница. Сторителите дошле на наведеното место и откако Ш.И. го паркирал неговото возило и откако излегол од истото, во еден момент едно од лицата го стегнало со рака околу вратот и почнало да му ги кине ланчињата кои ги носел на вратот.
Во тој момент пријавителот го гризнал сторителот за раката, по што другото лице со тврд предмет го удрил во пределот на главата, нанесувајќи му расекотина. Ш.С. почнал да вика и сторителите избегале во непознат правец, одземајќи го ланчето. Од ударот Ш.С. се онесвестил. Истиот со возило на Итна медицинска помош бил пренесен во Ургентен центар Скопје каде му била укажана лекарска помош. Се преземаат мерки за пронаоѓање на сторителите и за целосно расчистување на случајот.
Ново на Сител
-

Тема на денот со Ѓоко Велковски, министер за социјална политика, демографија и млади
-

Пријавувањето на соби и апартмани е законска обврска, кампањата „Фер туризам започнува со пријавен доход“ презентирана во Дојран
-

Успение на Пресвета Богородица – Стотици верници се собраа во манастирот кај Матка
-

Мицкоски: Нема да се откажеме од градење дата центри во Македонија
-

28 август - Ден на рударите
-

Рударството како дел од зелената транзиција
-

Мицкоски: За 2 години Владата создаде 17 илјади нови работни места - повеќе од владите на СДСМ за 7 години
-

ЦУК: Регистрирани 11 пожари на отворено - 7 се активни, а 3 под контрола
