Македонија
4. May 2017 - 13:46

Крвав грабеж - Нападнат скопјанец заврши на Ургентен

На 03.05.2017 година во 13.45 часот во Скопје на бул. „Александар Македонски“ двајца непознати сторители извршиле разбојништво над Ш.И. (38) од с.Копаница. Сторителите дошле на наведеното место и откако Ш.И. го паркирал неговото возило и откако излегол од истото, во еден момент едно од лицата го стегнало со рака околу вратот и почнало да му ги кине ланчињата кои ги носел на вратот.

Во тој момент пријавителот го гризнал сторителот за раката, по што другото лице со тврд предмет го удрил во пределот на главата, нанесувајќи му расекотина. Ш.С. почнал да вика и сторителите избегале во непознат  правец, одземајќи го ланчето. Од ударот Ш.С. се онесвестил. Истиот со возило на Итна медицинска помош бил пренесен во Ургентен центар Скопје каде му била укажана лекарска помош. Се преземаат мерки за пронаоѓање на сторителите и за целосно расчистување на случајот.