Круемади: Со Рама премиер ЕУ е невозможна мисија
Лидерката на третата по големина политичка партија во Албанија, опозициското социјалистичко движење за интеграција (ЛСИ), Моника Круемади, обвини дека „со Еди Рама премиер Европската Унија е невозможна мисија за Албанците“.
Коментрајќи ја негативната одлука на Европскиот совет да не ги отвори преговорите на Албанија со ЕУ, таа додаде дека јасно кажала кои се пречките на европскиот пат на земјата.
– Но, за жал, Албанците и нивната европска иднина денес се заложник на еден човек, на Еди Рама кој го блокира европскиот пат. ЕУ кажа кои се конкретните пречки и кои се длабоките рани и критичните проблеми што денес ги отвори Еди Рама за Албанија. Единствената личност одговорна за оваа пречка на европскиот пат на Албанија е Еди Рама. Со Рама, ЕУ е невозможна мисија и неостварлив сон за Албанците. Неуспехот на Рама е индивидуален и личен затоа што тој избра да ја гради својата иднина со тоа што ќе ја уништи иднината на Албанците и да се збогати врз грбот на Албанците со тоа што ги осиромаши – обвини Круемади.
– Неговата оставка е најмал одраз на големата политичка одговорност која паѓа врз премиерот. Албанците успеаја да ја убедат Европа дека се дел од неа, дека ја сакаат Европа, дека бараат да живеат според нејзините стандарди – смета таа.
За Круемади, корупцијата и заробувањето на државата од Владата на Рама се сметки што Албанците ги плаќаат.
Рама вчера изјави дека не чувствува никаква вина, бидејќи „сите задачи Владата ги реализирала“ и оти недобивањето датум за отпочнување преговори е последица на „кавгата меѓу големите“.
Тој отфрли можност за предвремени парламентарни избори.
Ново на Сител
-
Се запали казино во Охрид | ВИДЕО
-
Мицкоски: Скандалозно е вицепремиер да бара од компании да гласаат за СДСМ бидејќи добиле државна помош
-
Кошаркарот од Ѓорче кој ветува промени | Владо Мисајловски | Неформално | Sitel Podcast 033
-
Се дистрибуира доверливиот избирачки материјал од битолската печатница до општинските изборни комисии
-
Ограбена спортска обложувалница на Бит Пазар
-
Повеќе од 30 украински медиумски работници се наоѓаат во руско заробеништво
-
Приведени две лица во Куманово - еден за употреба, друг за продавање дрога
-
Сопружници завршиле во притвор поради меѓусебна пресметка