Крмов кон Павле Трајанов: Полжави имаат поголем интегритет од Вас
„Со Вашиот став, истовремено сте и „против“ и сакате да не ги изгубите привилегиите на власта. Оваа циркузијада која се случува во Собранието, е за да вие, ДОМ и ЛДП си ја исперете совеста, т.е. ако бидете во ситуација и сами до одите на избори, истовремено да бидете „против“, а истовемено да бидете „за“ и да не ги изгубите привилегиите.
Во овој политички момент, гласање „против“ и мавтање со глупости, со заклучоци со кои знаете дека нема Рамката да ја променат не вредат ништо.
Која е вашата политичка сила? Да излезете од власта!
Вие, ДОМ и ЛДП имате четири пратеници. Ако вие сега речете дека ќе излезете од власта ако ова помине, само во тој случај власта ќе ретерира. Овие тендераши и родената мајка би ја продале и нема да застанат освен ако фотелјите не им се во прашање.
Полжави имаат поголем интегритет од вас. Мекотели имаат повеќе 'рбет. Ништо освен закана за излегување од власта не вреди пет пари во овој момент.
Или кажете дека ќе излезете од власт, или не го замајувајте македонскиот народ со мафтање со хартии.“
Борислав Крмов, пратеник на Левица
ЛЕВИЦА
Ново на Сител
-

Левит: Операцијата против Иран ќе ги намали цените на нафтата и гасот
-

Зеленски: Русија сака да ја искористи ситуацијата околу Иран за да се извлече од санкциите
-

Министрите за енергетика на Г7 ја одложија одлуката за ослободување на стратешките резерви
-

Четиринаесет пријави за семејно насилство деновиве во државата, приведени четири лица
-

ОН: Руската депортација на украински деца е злосторство против човештвото
-

МСПДМ: Итна седница на Националното координативно тело - ќе се формира работна група за измени и дополнувања на неколку закони
-

Владата одзеде уште шест лиценци за одгледување канабис
-

Тешка сообраќајка на влезот во Скопје: Камион урна семафор, паднал врз моторџија | ФОТО
