Кривично ќе се гонат четири лица за организирање борби со кучиња

Грчки државјанин сопственик на куче “пит бул”, косовски државјанин сопственик на куче од расата “американски стафорд”, како и двајца македонски државјани како соизвршители ќе одговараат на кривично дело – Убивање и мачење животни од член 233 став 3 во врска со став 1 од Кривичниот законик.
Основното јавно обвинителство Битола ги прибра сите потребни докази и поднесе обвинение, бидејќи на 1 ноември во селото Црнеец во близина на Стрежево, тие заради користољубие грубо ги злоупотребувале и ги изложиле на непотребни маки кучињата.
Првообвинетиот организирал борба меѓу двете кучиња во дворот од семејната куќа на второобвинетиот, кој претходно имал подготвено ринг каде се одвивала борбата. Настанот го следеле и други лица од Косово, Грција и Македонија, кои полициските службеници ги затекнале на лице место и кај кои биле пронајдени парични средства во различни апоени на евра и денари наменети за обложување.
Како резултат на борбата, со особено тешки повреди се здобило кучето од расата „пит бул”, кое имало угризни рани со различна големина, тешки повреди на главата и видливи знаци на трауматски шок.
Доказите обезбедени до овој момент упатуваат на сомненија дека се работи за организирана операција за која бил подготвен ринг за борби за кучиња во кој се пронајдени траги кои укажуваат дека вакви борби се случувале и друг пат, како и лекови за пружање прва помош на повредени кучиња.
Јавниот обвинител до Основниот суд во Битола достави предлог за продолжување на претходно определената мерка куќен притвор за двајцата македонски државјани. Доколку двајцата странски државјани кои се во бегство од моментот на сторување на делото, не бидат обезбедени до почетокот на судската постапка, јавниот обвинител ќе предложи нив да им се суди во отсуство.
Ново на Сител
-

Земјотрес со магнитуда од 6,9 повторно ја погоди Индонезија, втор силен потрес во еден ден
-

ПФЛ: Победи за Силекс и Шкендија Арачиново
-

Хју Хефнер го пријавувал Епстин во ФБИ уште во 2005 година
-

Лишено од слобода лице од Германија, возело со брзина од 203 километри на час на автопат
-

Земјотрес почувствуван во Гостивар и околината
-

Групна тепачка во Шуто Оризари поради присилно дрогирање со марихуана на малолетничка
-

Едно лице измамено во Делчево, штипјанец набавил од него 2.580 тони сливи и не му платил
-

Премиерот Мицкоски најавува три нови инвестиции оваа есен
