Кривични за противправна сеча на дрва

Без да изврши увид на терен, шефот за заштита на шуми и екологија во ЈП „Македонски шуми“ - Подружница Куманово, С.А. (67), одобрил сеча на 56.296 метри кубни дрво од кои лицето Д.Ц. (35) противправно стекнало 1.301.250 денари.
Како што соопшти полицијата, СВР Куманово поднесе кривични пријави против двајцата. С.А. се товари за „злоупотреба на службената положба и овластување“ и „фалсификување или уништување деловни книги“, додека Д.Ц. за „пустошење шуми“.
Во април 2012 година, постапувајќи по барање за издавање одобрение за сеча на дрва поднесено од Д.Ц., С.А. не направил увид на терен и идентификација на катастарската парцела, а заверил записник за увид на местото на настанот и одобрение за сеча на дрво, по што Д.Ц. исекол 56.296 метри кубни дрва, стекнувајќи противправна имотна корист од 1.301.250 денари.
Ново на Сител
-

Фидовски положи свечена заклетва
-

Седум и пол години затвор за обид за убиство на бабата и шурата
-

Охрид ја засилува патролата
-

Преглед на вестите од светот
-

Протест пред Усје, граѓаните бараат итна дислокација
-

Протест пред Усје
-

Тема на денот со Марјан Ѓорчев, поранешен амбасадор во Софија
-

Статус кво се активностите за непотребни кардиохируршки интервенции
