-->
-->
Кривични за лицата кои со бесправна сеча предизвикаа 2,2 милиона денари штета
-->
Поднесена е кривична пријава против И.К. (37) од Демир Хисар, Ш.Ш.(36) од Гостивар и 17-годишно лице од село Долно Бањица, Гостивар за постоење основи на сомнение дека сториле кривично дело „пустошење шума“.
На 23 мај годинава околу 10:40 часот службениците на ЈП „Македонски шуми“ во атарот на село Сушица забележале две непознати лица како вршат бесправна сеча со моторна пила по што овие почнале да бегаат. Настанот бил снимен со мобилен телефон од страна на службениците и по проверка на видео записот лицата се идентификувании. Со нив е извршен разговор, а од увидот е констатирано дека бесправно се исечени 246,25 метри кубни дабови дрва, со што е причинета материјална штета од 2.216.250 денари
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Мицкоски: Во 21 век на талибански начин се избришаа македонскиот јазик и идентитет од извештајот на ЕК
-
Африм Фидани ја превзема функцијата претседател на Врховниот суд
-
Втор ден комисиска расправа за ребалансот на Буџетот
-
120 нови дигитални услуги
-
Нов бран превентивни мерки на полицијата
-
Зголемен интерес кај струмичките земјоделци за владините мерки за поддршка
-
Преглед на вестите од светот
-
СДСМ обелодени нови кандидати за градоначалници во 10 општини