Кривична пријава за злоупотреба на лични податоци

Триесет и петгодишниот Ј.К. доби кривична пријава за „злоупотреба на лични податоци“, бидејќи без согласност прибавил кориснички податоци од профилите на две женски лица на возраст од 18 и 20 години на социјалната мрежа „Фејсбук“ и активно ги користел на интернет.
Полицијата соопшти дека Секторот за компјутерски криминал и дигитална форензика при МВР до скопското Јавно обвинителство поднел кривична пријава против Ј.К.(35), поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „злоупотреба на лични податоци“ по член 149, став 1 и 2 од Кривичниот законик на РМ.
Пријавениот, како што стои во соопштението, без согласност ги прибавил корисничките податоци од профилите на две женски лица на возраст од 18 и 20 години на социјалната мрежа „Фејсбук“, и активно ги користел во повеќе наврати при што направил злоупотреба на нивните лични податоци на интернет.
Ј.К. пристапувал на профилите на оштетените и без нивна согласносот прибавувал фотографии од нивните профили, и ги постирал на веб страна која што споделува материјали со порнографска содржина, со што постојат основи на сомнение дека го сторител кривичното дело.
- Веднаш по доставувањето на пријавата од оштетените лица до Секторот за компјутерски криминал и дигитална форензика за злоупотреба на нивните лични податоци преземени се мерки за утврдување на корисникот на профилот на веб страната која што споделува материјали со порнографска содржина од кој се поставени сликите и по прибавување на доказите и анализа на истите наведуваат дека корисник е сега пријавениот Ј.К. кој постирал вкупно 68 фотографии (кои не се со порнографска содржина) од двете оштетени лица, соопшти МВР.
Ново на Сител
-

Крај на петмесечната политичка криза: Романскиот парламент му изгласа доверба на кабинетот на Лука Никулеску
-

НАТО ќе го засили надзорот во Црното Море
-

Венс не го поддржа Нетанјаху на претстојните избори
-

Димитриеска-Кочоска: Продолжува мерката за намалено ДДВ за дизелот и акцизата до 2 ноември 2026 година
-

По децении запуштеност, конечно ќе се реконструира спортската сала „Македонија“ во Прилеп
-

Маж следел, па потоа допирал по телото 22-годишна девојка во Карпош
-

17-годишник со нож повредил 15-годишник на Бит Пазар
-

Тешко повредено шестгодишно дете кое се возело како сопатник на тротинет откако во нив удрил автомобил
