Кривична пријава за несовесно работење во службата и загадување на животната средина и природата

СВР Битола до Основното јавно обвинителство Битола поднесе кривична пријава против М.Г.(54) од Битола, Б.Б.(70) од Битола, со живеалиште во Скопје и И.К.(61) од Битола поради постоење основи на сомнение за сторени кривични дела „несовесно работење во службата“ и „загадување на животната средина и природата“.
Првопријавениот М.Г. - директор на ЈП „Стрежево“, во периодот од 2019 до 2021 година пропуштил должен надзор на движењето над браната на хидроакумулацијата Стрежево, на начин што не спречил да се движи тешка механизација како миксери за бетон, камиони со градежни материјали во заштитената зона на хидроакумулацијата, а со тоа на две лица им овозможил бесправно да изградат објекти.
Второпријавениот, раководител со стратешкиот објект „Брана“ Стрежево, во периодот од 2019-2021 година дозволил да се пропушти и движи тешка механизација во заштитената зона на хидроакумулацијата, а со тоа на две лица им овозможил бесправно да изградат објекти.
Третопријавениот, раководно лице на сектор за зафаќање, акумулирање, заштита и мониторинг на води, во периодот од 2019-2021 година дозволил да се пропушти и движи тешка механизација како миксери за бетон, камиони со градежени материјали во заштитената зона на хидроакумулацијата, а со тоа на две лица им овозможил бесправно да изградат објекти.
Ново на Сител
-

За 24 часа уапсени две лица за семејно насилство и вкупно четири пријави
-

Утре во Скопје посебен режим на сообраќај поради атлетска трка
-

Побаран притвор за осомничениот 53-годишник од тетовска Брвеница
-

Хуманитарен Велигденски саем – Македонски Каритас
-

По сомнеж од мајката, при преглед на ГАК откриена бременост кај 14-годишно девојче
-

Приведен 30-годишен велешанец, украл телевизор од домот на сограѓанин
-

26-годишник од с.Волково повреден со остар предмет при расправа за паркинг
-

Две лица од Крива Паланка, едниот од нив малолетник, физички нападнале службени лица од АХВ
