Кривична пријава за кичевец за продажба на дрога
Полициската станица од Кичево поднесе кривична пријава против кичевецот Р.В.(40) поради постоење основи на сомнение за сторени кривични дела „неовластено производство и пуштање во промет наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурзори“ и „недозволено изработување, држење, посредување и тргување со оружје или распрскувачки материи“.
Како што соопшти МВР, при извршен претрес во домот на Р.В. вчера криминалистичката полиција од Кичево пронашла и одзела растителна материја со зеленкаста боја, најверојатно наркотична дрога марихуана, со маса од околу еден килограм, бела прашкаста материја, најверојатно наркотична дрога кокаин, со маса од околу 20 грама и три куршуми од различен калибар.
Полициските инспектори пронашле и одзеле и други предмети и прибор за користење на наркотични дроги. Пријавениот Р.В., неовластено ги набавил и ги држел во својот дом со цел натамошна препродажба на наркозависници од Кичево.
Одземените предмети се предадени на вештачење во Министерството за внатрешни работи во Скопје.
Ново на Сител
-
Нов дефект во РЕК Битола - ЕСМ се сомнева во саботажа
-
Три лица на скопските клиники, по вчерашната улична пресметка со нож во Чаир
-
Новиот министер за здравство има идеи за сообраќајниот хаос на Клинички, за кратко време и решение
-
Завршни зборови на обвинетите
-
Бјере: Сега е моментумот за проширување
-
Зголемен бројот на пациенти со мозочен удар
-
Осцилациите на езерото штетни
-
Преглед на вестите од светот