-->
-->
Кривична пријава за две лица поради предизвикување пожар во Струшко
-->
Струшката полиција поднесе кривична пријава против две лица, жител на селото Франгово и албански државјанин, поради „предизвикување општа опасност“, соопшти денеска СВР Охрид.
Лицата, ангажирани од месната заедница на Франгово да го чистат просторот околу селото, го собрале сметот и несовесно го запалиле.
Според СВР Охрид, 50-годишниот Б.И. од струшкото село Франгово и Л.Р.(40) од Република Албанија предизвикале пожар.
- Двајцата, со палење на отпадни материјали и стрништа во месноста „Добра вода“, атар на селото Франгово, предизвикале пожар чие ширење кон селото било спречено со интервенција на Територијалната противпожарна единица од Струга, изјави портпаролот Стефан Димоски.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Сашо Мијалков излегува од затвор
-
Вучиќ пристигна во Њујорк заради гласањето на резолуцијата за Сребреница во ОН
-
Путин назначи нов заменик министер за одбрана
-
Гвардиола: Поблиску сум до заминување, отколку до останување во Сити
-
Утре сончево со умерена облачност, попладне со дожд и грмежи
-
Уапсен е врховниот судија Наке Георгиев поради поткуп
-
Откако не му дале пари, со нож се заканил на својот татко дека ќе го убие
-
Сапунот од кокос - благотворен против комарци