-->
-->
Кривична пријава за битолчанец кој продавал хероин низ Охрид
-->
Дваесет и тригодишен битолчанец заработи кривична пријава заради препродавање дрога.
Во соопштението на Секторот за внатрешни работи од Охрид се наведува дека во текот на август оваа година пријавениот на подрачјето на Охрид продавал хероин, поради што на 17 август полицијата извршила претрес во неговиот дом во Охрид каде привремено престојувал, при што била пронајдена најлонска кеса со извесна количина хероин сокриена во саксиско цвеќе, како и алуминиумска цевка и нагорена алуминиумска фолија со траги од хероин.
Одземените предмети биле испратени на вештачење во Министерството за внатрешни работи во Скопје, по што е утврдено дека пронајдената материја во најлонската кеса е хероин во вкупна количина од 12,67 грама.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Голема историска средба Трамп-Путин на Алјаска, Зеленски очекува покана за следната средба
-
Тема на денот со Васко Наумовски, поранешен амбасадор во САД
-
Голем пожар во Јажинце
-
Стојановска: Прагот од 0.95% потребни потписи е потценување на независните
-
Самит САД-Русија посветен на иднината на Украина на Алјаска
-
Два критични пожари во околината на Скопје
-
Цвета Ристовска е нов заменик претседател на Антикорупциска
-
Покана за распит на Билјана Ивановска