-->
-->
Кривична пријава против жител на Орќуше поради пустошење на шума
-->
Жител на гостиварското село Орќуше, добил кривична пријава од полицијата поради бесправна сеча на 12 кубни метри огнено дрво, со што го оштетил ЈП „Национални шуми“ – Шумско стопанство „Шар“ – Гостивар околу 2.700 евра.
Од МВР информираат дека надворешната канцеларија за криминалистички работи Гостивар поднела кривична пријава против Н.О.(58) од с. Орќуше, поради постоење основи на сомнение сторено кривично дело „пустошење на шума“.
- Пријавениот, на 08.09.2023 во с. Орќуше, во државна шума, без да поседува одобрение за сеча, со моторна пила исекол околу 12 кубни метри огревно дрво и го оштетил ЈП „Национални шуми“ – Шумско стопанство „Шар“ – Гостивар за сума од 164.983 денари, информира МВР.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Мицкоски: Има предлог термин за средба, да почекаме да се изјасни бугарската страна
-
Повеќе од 30.000 громови ја погодија Велика Британија
-
Што е „Хаибар“ – новата ракета со која Иран му се заканува на Израел и ќе го „шокира светот“?
-
Иран им се закани на САД, Велика Британија и Франција со напади врз нивните воени бази и бродови ако му помогнат на Израел
-
Во првиот квартал 5.717 купопродажби и 2.327 закупи на недвижности, запишани 2.596 хипотеки
-
Мицкоски: Поддршка за земјоделството, да купуваме македонски производи
-
Иран започна петти бран воздушни напади врз Израел, најави удари и на американските бази на Блискиот Исток
-
Уште една држава се придружи во БРИКС - Виетнам стана „земја партнер“