Кривична пријава против измамник од Скопје, измамил две лица за над 100.000 евра

СВР Куманово поднесе кривична пријава против Ф.С.(35) од Скопје поради постоење основи на сомнение дека сторил кривично дело "измама" по член 247 од Кривичниот законик.
Имено, Ф.С. како вработен во приватна фирма во Скопје вршел посредување за лицитација на продажба на станови од Агенција за управување со одземен имот и на 40 - годишник од Куманово му понудил стан во Охрид, додека на 50 - годишно лице од Куманово станови во Охрид, Скопје и патничко моторно возило.
Откако склучиле договор, првото лице му исплатило 26.000 евра, додека другиот му исплатил 79.000 евра, а по наводно завршената лицитацијата од правното лице не добиле никаков документ.
По преземени мерки од полициски службеници од СВР Куманово и од Одделот за криминалистичка полиција, на 12.05.2025 на влезот на Куманово, Ф.С. бил лишен од слобода и во координација со јавен обвинител против него по брза постапка е поднесена пријавата.
Ново на Сител
-

Мицкоски: Има докази зошто Груби е во домашен, наместо во затворски притвор
-

Тема на денот со Христијан Мицкоски
-

Македонија ја има хрватската поддршка за ЕУ
-

Дуел Мицкоски-Филипче на пратенички прашања
-

Гаши не го коментира Груби – партиите меѓусебно се обвинуваат
-

Вајц: Македонија да го искористи позитивниот момент за проширување на ЕУ, итно се потребни уставни измени
-

Најавен со билборди, пречекан со црвен тепих: Посетата на Бегај почна од Чаир
-

Во Кривичен суд пристигнале 476 приговори за „Сејф Сити“
