Кривичен ја одби жалбата на одбраната на Артан Груби за мерката притвор

Кривичниот совет при Основниот кривичен суд Скопје, постапувајќи по жалба изјавена од одбраната на Артан Груби недостапен за органите на прогон, против решението на судија на претходна постапка, донесе одлука со која ја одби жалбата на одбраната и го потврди решението на судија на претходна постапка со кое му се определува мерка притвор од 30 дена, информираат од Судот.
На 17 декември Кривичниот суд им одреди триесетдневен притвор на поранешниот прв вицепемиер Артан Груби и на поранешниот директор на Државна лотарија, Прпарим Бајрами, кои се недостапни за органите на прогон. Тие се поврзани со истрагата за злоупотреба на службената положба, примање поткуп и злоупотреба на постапката за јавен повик во случајот со Државната лотарија на Република Северна Македонија.
Груби е во бегство откако беше обвинет за корупција и злоупотреба на службената положба. Првичните информации укажуваат дека побегнал во Косово, но подоцна се појавија тврдења дека се наоѓа во Албанија. Во бегство е и Бајрами, а Министерството за внатрешни работи (МВР) распиша меѓународна потерница по двајцата.
Дополнително, против полицискиот службеник кој му дозволил на Груби да ја премине границата е поднесена кривична пријава.
Ново на Сител
-

Новогодишно украсување: Штипјани најскапо ги чинело, а една фирма добила скоро 80% од тендерите
-

Објавен е огласот за нов републички јавен обвинител
-

Преглед на вестите од светот
-

Лидерска средба за реформски закони и укинување на техничка влада, само СДСМ не присуствува
-

Македонија ќе се задолжи со нови 1 милијарда евра, издадени две еврообврзници
-

Струмичката епархија и годинава ги изнесе моштите на Свети Василиј Велики на поклонение пред верниците
-

Завршува Вевчанскиот карневал
-

Преглед на вестите од светот
