„Кредит Свис“ и „ХСБЦ“ ги отфрлија претпоставките за соучесништво во даночни измами

Две од најголемите институции за управување на финансиите во светот, „Кредит Свис“ и Ејч-Ес-Би-Си (ХСБЦ), денеска ги отфрлија претпоставките дека активно користеле офшор структури, со цел да им помогнат на своите клиенти во извршување даночни измами.
Реакцијата доаѓа еден ден по објавените документи на панамската адвокатска фирма „Мосак Фонсека“, која во период од 40 години им помагала, во услови на целосна неказнивост, на своите клиенти да перат пари и да не плаќаат даноци.
Француската финансиска инспекција соопшти дека започнува истрага за даночни измами, со што ќе бидат опфатени француски државјани, кои не плаќале даноци.
Регулаторот на финансискиот пазар во Швајцарија (ФИНМА), исто така, соопшти дека ќе започне истрага како реакција на објавените „Панамски документи“, во кои се споменуваат швајцарски банки со офшор зделки со богати и влијателни клиенти.
Австралиската даночна служба наведува дека истражува над 800 богати Австралијци за евентуално избегнување на даноци, поврзано со „Мосак Фонсека“.
Индија, исто така, ги испитува тврдењата дека над 500 Индијци, меѓу кои актери од Боливуд, индустријалци и политичари, ја користеле панамската адвокатска фирма, со цел да ги прикријат финансиските средства.
„Панамските документи“, кои покриваат период од околу 40 години, меѓу 1977 и 2005 година, ќе бидат под истрага и од властите на Панама.
Ново на Сител
-

Експерти: Во политичката криза темата за Македонија не е приоритет за Бугарија
-

Тема на денот со Марјан Ѓорчев, поранешен амбасадор на Софија
-

Се подготвува извештајот до УНЕСКО
-

Филипче на средба со коалиционите партнери
-

Бугарија пред нови избори
-

53-годишна жена од гостиварско киднапирана, па убиена и закопана во с. Неготино
-

Вчера во прилепската болница е примено новороденче старо 8 дена без знаци на живот
-

Safe City и официјално стартува од 1 февруари - Ќе има и праг на толеранција
