Кражба во црквата „Свети Димитрија“ на православните гробишта во Тетово
Непознати сторители изминатата ноќ извршиле тешка кражба во црквата „Свети Димитрија“, што се наоѓа на православните гробишта во Тетово, информираше портпаролот на СВР Тетово Марјан Јосифовски. Случајот бил пријавен утрово од клисарот Т.П.(58) од Тетово.
- Според првичните податоци од увидот сторителите најпрвин насилно ги отстраниле и одзеле двата катинара и ја скршиле цилиндер бравата од вратата по што влегле во објектот и од две кутии за доброволни прилози од верниците одзеле 2.500-3.000 денари во разни апоени, а потоа незабележани избегале. При увидот на местото бил пронајден е метален предмет - хебла за кој се претпоставува дека го користеле за провалување на вратата, како и еден пластичен пиштол, рече Јосифовски.
Полицијата презема мерки и активности за откривање на сторителите. Ова е дванаеста кражба во верски објекти од почетокот на годинава во тетовско гостиварскиот регион.
Ново на Сител
-
Во Скопје се одржа шестата Парада на гордоста
-
Сиљановска-Давкова прими Американци кои се на аџилак во земјава
-
На Табановце од македонска страна се чека околу 30 минути
-
Бугарија има јасен план за воведување на еврото од 1 јануари 2026 година, соопшти бугарската Влада
-
ОЈО: Скопјанец осомничен за семејно насилство, предложен притвор
-
При претрес на началник во полициската станица пронајден солзавец и муниција
-
Две лица на возраст од 52 и 77 години пронајдени починати во своите станови во Скопје
-
Голем пожар во Хрватска меѓу Омиш и Макарска