-->
-->
Кражба во црква во село Волковија
-->

Непознати сторители во текот на изминатите десеттина денови извршиле кражба во црквата „Свети Атанасије“ во селото Волковија, информираше денеска портпаролот на СВР - Тетово Марјан Јосифовски.
Случајот во полицијата е пријавен вчера попладне од страна на Ј.С.(65) од Волковија. Според неговата пријава сторителите најверојатно низ незаклучената врата влегле во објектот и насилно ја отвориле металната кутија за доброволни прилози од верниците од која одзеле 3000 денари и незабележани од никого излегле од црквата. Полицијата извршила увид и работи на откривање на сторителите.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-

Јаневска: Студентите повеќе нема да бркаат глувци и да им се тресат лифтовите
-

Протест на вработените во секторот игри на среќа - ако се донесе законот, ќе останеме на улица
-

Како да ја заштитиме биолошката разновидност?
-

Четири лица загинаа во тешка сообраќајка пред Скопје
-

ВМРО-ДПМНЕ: Филипче е слуга на бугарските интереси
-

СДСМ: Уставни измени веднаш
-

Академик Стојков, вистината против пропагандата
-

Пожарникарите во пресрет на летото подготвени
