Кражба на автомобил со „светлосна“ брзина

На паркинг во близина на градот Тебран во малезиската провинција Џохор Бару, што се граничи со Сингапур, крадец за само 10 секунди успеал да ја отовори бравата на еден автомобил, да го стартува моторот и да замине.
Случката е регистрирана со безбедносна камера од паркингот, но автомобилот украден во понеделникот, се уште не е најден.
Крадецот заедно со автомобилот го однел и паричникот на сопственикот во кој имало четири кредитни картички, најнов тип мобилен телефон Ајфон и два куфери со облека. На бензинска пумпа, со една од украдените картички непознатиот крадец дотурил гориво.
Ова, само во текот на август, е шести случај на крадење на сингапурски возила во Малезија.
Полицијата се уште трага по сторителите, но се препоставува дека тие или се веќе расклопени или добро сокриени некаде во внатрешноста на Малезија.
Ново на Сител
-

Лажна пријава за бомба во траект со 958 лица на атинското пристаниште Пиреас
-

Охрабрувачки резултати од првото пребројување на дивокозите на Шар Планина
-

Томески: Пожар зафати куќи кај Бит - пазар, има материјална штета
-

Приведен Бака Прасе? Маскирани лица упаднале во неговиот стан и го одвеле
-

Водата во Скопје е безбедна за пиење
-

Акциска контрола за брзо возење - за шест часа констатирани 708 прекршоци
-

Реализирани 750 исплати денеска во „Алта банка“ во Битола, Струмица и Тетово, овозможени и уплати за комуналии и отплата на кредити
-

АХВ и Ветеринарната комора партнерски ќе бараат решенија за предизвиците
