Крај на лажните барања за азил врз основа на крвна одмазда

Албанската полиција формира база на податоци, преку кои ќе го следи феноменот на крвна одмазда во земјата. Базата е формирана поради лажното претставување на илјадници албански граѓани како потенцијални жртви на крвна одмазда, при барањето азил во земјите членки на ЕУ.
Како што соопшти албанската полиција, базата на податоците ќе овозможи брз пристап до информации само за полициски цели, да се идентификуваат сите случаи на крвна одмазди кои се случиле претходно, поединци и семејства погодени со оваа појава, како и поединци и здруженија што се занимаваат со случаи на помирување.
- Оваа база на податоци ќе се користи да се спречи злоупотребата при апликациите за азил, со тоа што ќе се разменуваат полициски информации со партнери од земјите каде што албански граѓани го користат овој мотив за да побараат азил, се наведува во полциското соопштение.
Постоењето на крвната одмазда многу албански државјани го злоупотребувале за да добијат статус на азилант во земјите на ЕУ и во Велика Британија, за што многу граѓански здруженија издаваат и лажни потврди за тоа. Таквата појава е најприсутна во северниот дел на земјата.
Ново на Сител
-

Тешка сообраќајка во Словенија, тројца Македонци загинаа
-

Редовна дератизација, дезинфекција и дезинсекција во сите училишта во Карпош
-

Бројот на жртви во земјотресот во Индонезија се искачи на 111, над 176.000 лица се раселени
-

Бела куќа: САД и Иран во моментот не преговараат за прекин на војната
-

Џордан Питерсон: Интелигенција е „како размислуваш“, а не „што мислиш“
-

Мицкоски: Остануваме на стратегијата за дата центри, светот ова ќе го развива, прашање е ние дали ќе го препознаеме моментот
-

Казни до 10.000 евра за трговците кои не се придржуваат на одлуката за намалување на цените на училишниот прибор
-

Почина Ратко Младиќ
