Крадец влегол во погрешен дом, а таму го чекал боксер

Професионалниот боксер Крег Кенеди си спиел мирно во својот дом во Троубриџ, Англија, кога внатре влегол крадецот Дејвид Ларџ.
Освен спортистот, во куќата се наоѓале уште неговата пријателка и шестмесечниот син. Околу 5:30 наутро, семејството се разбудило од чуден шум и Крег Кенеди веднаш отишол да види што се случува. Боксерот, кој се натпреварува во тешка категорија, слегол на првиот кат и го открил таму Дејвид Ларџ. Крадецот се обидел да избега, но Крег се покажал побрз. Тој го стасал криминалецот и со неколку боксерски маневри го „припитомил“ крадецот,, а потоа замолил соседот да повика полиција.
- Кога влегов во кујната, го видов овој маж со чекан во рака, со што го скршил двојното стакло. Не знам како мислел дека ќе се извлече безшумно. Тој стоеше таму бел како сениште. Дефинитивно не очекуваше да ме види, раскажува Крег Кенеди.
34-годишниот Ларџ е уапсен, по што ги признал и претходните грабежи. Полицијата верува дека тој извршил вкупно 84 кривични дела.
Ново на Сител
-

Германскиот канцелар Мерц со порака до земјите кандидати за ЕУ – Не сакам да ве изгубам, Македонија бара достоинствен процес за влез
-

Тема на денот со Благоја Пандовски, претседател на Транспаренси Интернешнл Македонија
-

Што ќе донесе договорот меѓу САД и Македонија?
-

Цвета Ристовска поднесе оставка во ДКСК
-

Гоце Наумовски пред избор за уставен судија, во судски активен огласот за втор кандидат
-

Кои министри на Вреди ќе заминат од Владата допрва ќе се одлучува
-

ОЈО Струга оформи предмет за загадувањето на водата за пиење
-

Пад на месечната инфлација од 0,7%
