-->
-->
Кожув во трилер завршница го победи Куманово
-->
Кошаркарите на Кожув во неизвесен меч го победија Куманово со 83-80, во воведниот натпревар од 7.коло на Првата македонска лига во машка конкуренција.
На средбата одиграна попладнево во Куманово, домашниот тим „прокоцка„ 16 поени предност кои ги имаше на пет минути до крајот, односно во 35-минута кумановци водеа со 76:60.
Гостите од Гевгелија предводени од своите двајца најдобри поединци Брендон Пен и Алексеј Нешовиќ, не само што успеаја да ја анулираат негативата, туку во завршната минута да направат и комплетен резултатски пресврт, па гевгелискиот тим на крајот заслужено се радуваше на четвртата победа сезонава.
Американецот, Пен средбата ја заврши со 31 поени и 11 скокови, а Србинот, Нешовиќ придодаде 21 поен, 8 скокови и 6 асистенции во статистиката на победничката екипа.
На Куманово не им помогнаа ниту со Урош Луковиќ 21 поени и 13 скокови и Александар Костовски кој постигна 22 поени, да го избегнат четвртиот пораз сезонава.
Утре, од 20 часот ќе се одигра вториот меч од ова коло во кој Карпош Соколи е домаќин на Работнички.
Во преостанатите два натпревари ќе играат, Струмица – Фени Индустри во вторник (24.11) и Бест – МЗТ Скопје А. во среда (25.11)
Табела:
1. МЗТ Скопје А. 11 бодови ,
2. Карпош Соколи 11,
3. Кожув 11,
4. Куманово 10,
5. Фени Индустри 9,
6. Работнички 9,
7. Струмица 8 и
8. Бест 6
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Приведен штипјанец по пријава дека физички ја нападнал сопругата
-
Сиљановска-Давкова: Компромисите со меѓународното право и принципи можат да го компромитираат европскиот и светскиот мир
-
Декларацијата на самитот во Украина најверојатно нема да биде потпишана од сите учесници
-
Кулеба: Во нацрт-изјавата од самитот во Швајцарија беа земени предвид ставовите на Украина
-
Песков: Путин не ја исклучува можноста за преговори со Украина
-
САД уништи седум радари на територијата контролирана од Хутите
-
Ханије: Подготвени сме за сеопфатен договор, во согласност со планот на САД
-
ЦУК: Тешки бетонски блокови пред паѓање висат од тераса спроти Владата