Кошарка
24. December 2015 - 9:31

Кожув очекувано подобар од Бест

 

Екипата на Кожув славеше очекувана победа над Бест во првиот натпревар од 12.коло на Првата македонска кошаркарска лига.

 
Локалното гевгелиско градско дерби, го доби Кожув со 82-69 по четвртини 27:24, 9:20, 24:11 и 22:14, со што ја оствари својата шеста победа сезонава. Во редовите на победникот најефикасен беше Александар Шрерјов со 21 постигнати поени, додека Американецот, Брендон Пен имаше дабл-дабл од 15 поени и 14 скокови.
 
Кај Бест, за кој ова беше и дванаесетти пораз во исто толку одиграни средби најефикасен беше Тајрон Харис со 33 поени.
 
Во останатите натпревари од ова коло, кои се предвидени за претстојниот викенд ќе играат:  Работнички - МЗТ Скопје Аеродром,  Куманово – Струмица и Фени Индустри - Карпош Соколи. 
 
Табела: Карпош Соколи 9-2 (победи-порази),  МЗТ Скопје 9-1, Кожув 6-6, Куманово 6-5, Фени Индустри 6-4, Работнички 5-6, Струмица 3-7 и Бест 0-12