Ковачевски – Рама: Северна Македонија и Албанија имаат заедничка цел – членство во ЕУ до 2030 година
Премиерот Димитар Ковачевски, одржа тет-а-тет средба со неговиот албански колега Еди Рама непосредно пред одржувањето на меѓувладината конференција на владите на Северна Македонија и на Албанија, при што двајцата ја потенцираа важноста за натамошно унапредување на билатералната соработка, која и сега е на високо ниво. Како што соопштија од владината Прес-служба, премиерите дискутираа за потребата од зацврстување на соработката во повеќе сегменти, особено во овие турбулентни времиња на воени превирања и светска енергетска криза.
На средбата, се посочува, се дискутираше и за евроинтегративните процеси на двете земји и важноста од фокусирана посветеност, сè со цел земјите да станат полноправни на ЕУ членки до 2030 година. Премиерите Ковачевски и Рама на средбата посочија дека денешната меѓувладина седница е од исклучително значење од што бенефит ќе имаат двете држави и граѓаните, во речиси сите области каде што има потенцијал за унапредување на соработката.
– Премиерите Ковачевски и Рама се согласија дека добрите билатерални односи помеѓу двете земји, се од голема важност и за економскиот развој, како и за продлабочување на бизнис соработката меѓу стопанствениците од двете земји. Негувањето на добрите релации, поврзување на народите, инфраструктурно зајакнување меѓу двете земји е од голема важност за натамошен напредок, беше заклучено на состанокот.се наведува во соопштението.
Ново на Сител
-
Приведен возач од Македонска Каменица, возел со 1,87 промили алкохол во крвта
-
Крушевчанец возел со 1,81 промили алкохол во крвта и без возачка дозвола
-
Иран вели дека го задржува правото на каков било одговор на „скандалозните“ американски напади
-
АХВ: Не издаваме никакви HACCP дозволи, туку само ја контролираме работата на операторите со храна
-
Трамп му се закани на Иран со нови напади ако не склучи мир
-
Земјотрес со јачина од 6 степени го погоди брегот на јапонскиот остров Хокаидо
-
Сончево со температура до 34 степени
-
Во Скопје се одржа шестата Парада на гордоста