Македонија
18. February 2022 - 19:06

Ковачевски – Петков: Дијалогот носи решенија за заедничка европска иднина

На маргините на Минхенската безбедносна конференција, во тек е средба на претседателот на Владата на Република Северна Македонија Димитар Ковачевски со премиерот на Република Бугарија Кирил Петков.

Средба Ковачевски Петков

-Двајцата премиери ја оценуваат како позитивна работата на експертските групи и остварената непосредната комуникација и секторската соработка како ефективен метод за продлабочување на односите и подигање на нивото на политички дијалог, и изразија надеж дека соработката и дијалогот носат најголеми придобивки за граѓаните и водат до решенија и до заедничка европска иднина, информираат од владината-прес-служба.

На средбата, која е во насока на продолжување на политичкиот дијалог воспоставен меѓу двете Влади, присуствуваат и заменик-претседателот на Владата за европски прашања, Бојан Маричиќ и министерот за надворешни работи, Бујар Османи.

Присутните изразиле задоволство од процесот на динамизирање на билатералната соработка преку реализацијата на концептот на работни групи и конкретните активности и предлози кои до сега произлегоа од нивната работа.